Ова не е блуз е третиот албум на (најпопуларниот македонец на сите времиња) Игор Џамбазов и претставува неговото најзрело музичко остварување до сега. Како што е познато, Џамбазов от секогаш (покрај актерските и водителските), покажувал и музичките амбиции, со кои повеќе или помалку успешно се обидувал да ја анимира музичката јавност во Македонија. Но, без оглед на финансискиот ефект на претходните два албума неоспорен беше нивниот завиден квалитет. Затоа и со право се очекуваше дека треттото нешто произлезено од работилницата на маестро Џамбазов според сите критериуми ќе биде и трета среќа.
И, на вистина дванаесетте теми (сместени во пеесетина минути) што ги нуди ова CD, го претставуваат Игор Џамбазов во најдоброто и најкреативното светло до сега. Имено, речи си комплетниот материјал за Ова не е блуз е дело на Игор (освен две обработки, на Стинг и на Хендрикс, како и композициите Мразам плејбек и Стварно добар ритам, кои ги напиша Гуру Харе) додека за аранжманите воглавном беше задолжен неговиот блуз гуру - Игор Атанасовски - Харе. Силината на зборот на Иги Џамбо најдобро се чувствува во песните: Каква е оваа ситуација, Стварно добар ритам, Труба, како и во насловната Ова не е блуз. Неоспорно, најголемиот хит од овој албум што топло ви го препорачуваме е темата Лектира, која Џамбазов ја создаде со помош на Ружица Брчиоска, фронтмен на гостиварската Ареа, за која аранжманот го направи Ивица, најдобар македонски аранжер за 2000 година.
01 - Mrazam play back
02 - Kakva e ovaa situacija
03 - Parararam
04 - Truba
05 - Stojakovo blues
06 - Ova ne e blues
07 - Zena mi ne saka blues
08 - Stvarno dobar ritam
09 - Isprobaj me ti
10 - Lektira
11 - Cesel blues
12 - Stafeta na gluposta
OVA NE E BLUZ
Hvala Online sa MK Trackera
Нема коментара:
Постави коментар